002Од 06-09.09.2022 година, екипата на Мобилност Македонија во состав: Елена Давитковска, Гоце Миновски, Зоран Јовановски и Златко Арсовски, учествуваа на јубилејните 30. Републички спортски игри на Сојузот на параплегичари и квадриплегичари на Србија (СПИКС), што годинава се одржаа во Врњачка Бања.
Нашите спортисти традиционално освојуваат медали и бележат убави резултати на овие игри. Така беше и годинава.
Најуспешен спортист беше Гоце Миновски кој во класа Ф53 освои: прво место во фрлање ѓуле со резултат од 4,40 метри, второ место во фрлање копје со резултат 9,28 метри и второ место во фрлање диск со резултат 11,20 метри.
Зоран Јовановски во класа Ф55 освои: прво место во фрлање ѓуле со резултат од 5,28 метри, второ место во фрлање диск со резултат 14,90 метри и четврто место во фрлање копје со резултат 10,74 метри.
Златко Арсовски во класа Ф54 освои: четврто место во фрлање ѓуле со резултат од 4,99 метри, четврто место во фрлање диск со резултат 10,88 метри и дванаесто место во фрлање копје со резултат 6,23 метри.
Елена Давитковска во класа Ф56 со своите перформанси не беше конкурентна за освојување на медал. Таа го освои 12-то место во фрлање ѓуле со резултат од 3,22 метри, единаесетто место во фрлање диск со резултат 8,68 метри.
001.jpg 002.jpg 003.jpg

004.jpg 005.jpg 006.jpg

007.jpg