kampanja2ТЕМА НА КАМПАЊАТА: Овозможување на пристапност за лицата со телесна попреченост
МОТО НА КАМПАЊАТА: ОДИ СО МЕНЕ

ЦЕЛ НА КАМПАЊАТА: Подигање на нивото на јавната свест за архитектонските бариери во опкружувањето кои целосно ја попречуваат инклузијата на лицата со телесна попреченост во сите пори на општествениот живот.

Лајтмотив на кампањата: е ангажирање на јавноста преку предизвик за снимање кратко креативно видео под наслов "Оди со мене" на тема пристапност.

Хуманитарната кампања #odisomene има една и единствена цел - подигнување на свеста за подобрување #pristapnost до сите јавни површини и објекти. За таа цел, подготвивме предизвик, во кој учесникот треба да се обиде да се движи/ да влезе во избран јавен објект каде нема #pristapnost за лица со попреченост, но истото да го направи на некој од следните начини:

• со врзани очи
• со врзани (споени) нозе
• движејќи се на назад
Обидот треба да биде снимен од страна на учесникот (најверојатно со асистенција на пријател) во било каков формат соодветен за социјалните мрежи и видеото да биде објавено на сопствениот профил. При објавување на видеото, треба да се користат #odisomene и #pristapnost како промотивни хаштагови.
Приклучете се на кампањата #odisomene и бидете гласот на лицата кои секојдневно се соочуваат со потешкотии кога станува збор за #pristapnost. Номинирајте ги Вашите пријатели да го направат истото.
 
kampanja2
 
kampanja3