5Делегација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија - Мобилност Македонија во состав Софка Прчева генерален секретар на сојузот, и членовите на Управниот одбор на сојузот Дејан Ѓорѓиевски и Горан Здравков   од 1 до 3 октомври во Сански Мост, Босна и Херцеговина учествуваше на 12.Меѓународна конференција за статусот и правата на лицата со инвалидитет.

Конференцијата се одржува во рамките на кампањата „Да делуваме заедно“ а во организација на Координациониот одбор на кантоналните здруженија и Сојузот на лицата со инвалидитет на Унско-Санскиот кантон. На конференцијата со презентации на тема учествуваа претставници од Федералното министерство за труд и социјална политика на БИХ, претставници од Фондот за профелионална рехабилитација и вработување на лицата со инвалидитет на Федерацијата на БИХ, претставници од Народниот правобранител, како и делегации од државите во регионот: Словенија, Хрватска, Србија и Македонија.

Претставникот на Мобилност Македонија Горан Здравков во работниот протокол учествуваше со презентација на тема „Стандарди за инклузиовно образование за ученици со телесен инвалидитет“.

1.jpg 2.jpg 3.jpg

4.jpg 5.jpg 6.jpg

7.jpg 8.jpg