3Со одлука на градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски, на ден 29.01.2018 година во салата за состаноци на општината беше формиран Локален грагански совет од 17 члена, кој ќе работи како помошно тело на градоначалникот во работата и развојот на општината.

Мобилност Велес партицишира во телото со двајца свои преставници, Горан Здравков и Миланчо Арсовски.
Помошно тело составено од 17 претставници на граѓански здруженија и новинар ќе имаат можност да му помагаат, предлагаат иницијативи и да бараат решенија заедно со Градоначалникот Аце Коцевски преку кои ќе се подобрува квалитетот на живот во локалната заедница. Телото, кое денеска беше формирано, ќе се состанува по потреба.


Локалниот граѓански совет веќе на наредната средба ќе донесе Деловник за работа со кој ќе го прецизира начинот на работење и да избере тричлена група што ќе ја има надлежноста да развива идеи за подобар развој на животот во градот. Тие проекти ќе треба да му ги доставува на Градоначалникот и да го советува кога е во прашање граѓанската потреба.

1.jpg 2.jpg 3.jpg

4.jpg 5.jpg 6.jpg