1Денес во ДХО „Даре Џамбаз“ Националниот совет на инвалидските организации на Македонија чија членка е Мобилност Македонија, во присуство на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денес го одбележа Меѓународниот ден на лицата со инвалидност.

Министерката порача дека Владата на РМ е определена да делува за подобрување на правата на лицата со инвалидност во РМ, за што сведочат измените на Законот за социјална заштита од 09.11.2017 година.
Претседателот на Мобилност Македонија во своето излагање меѓу другото истакна: „Мобилност Македонија го одбележува 3 Декември - Меѓународниот ден на лицата со инвалидност со цел да го промовира јакнење и создавање на вистински можности за лицата со телесен инвалидитет во образованието, вработувањето, здравствената и социјалната заштита. Кога луѓето со телесен инвалидност се вклучени во општеството, тие се поподготвени да ги искористат можностите, лесно трансферираат од издржувани, во лица кои заработуваат, лица кои обезбедуваат егзистенција за себе и своите семејства, и можат полесно да ги прифатат нивните граѓански одговорности.

За да се постигне прогрес во реализација на мерките предвидени во Конвенцијата и да се подобри положбата на лицата со инвалидност во Република Македонија, Владата на РМ, лицата со инвалидности преку нивните репрезентативни организации, академските институции и приватниот сектор треба да работат тимски и одлучно во насока да ги постигнат целите за одржлив развој и прилагодливо општество за сите. Мобилност Македонија, како репрезентативен претставник и застапник на правата на лицата со телесен инвалидитет во Република Македонија подготвена во секој момент да биде дел и да даде свој полн придонес во таквиот тим. Лицата со телесен инвалидитет во Македонија сеуште се соочени со бројни бариери во опкружувањето кои ја спречуваат нивната целосна инклузија во општеството. Во изминативе години Мобилност Македонија се залага дека е неопходно да се направи училиште по мерка на детето, а не детето да биде по мерка на училиштето. Многу години се обидуваме да ги едуцираме наставниците, родителите и јавноста за можностите за поддршка на децата со попреченост. Инклузијата и инклузивното образование не значат престој на децата со попреченост во „редовни“ училишта или градинка без стручна поддршка, и не се однесуваат само на образовниот контекст, туку и на општеството и животот воопшто. Нашата визија за подобра иднина на лицата со телесен инвалидитет која денес ја пренесуваме на институциите на државата како обид за позитивно разрешување и впишување во домашната легислативата долгорочно гледано ја обликува нашата иднина. Важно е каква е таа визија бидејќи честопати патот за реализацијата е долг и макотрпен. Како национална инвалидска организација, во своето делување ние се обидуваме да учиме од минатото, да живеме за денешнината, и да се надеваме на иднината. Во духот на претходно кажаното, се надевам дека идната година барем еден проблем ќе го оставиме зад нас, барем една препрека за подобар живот на лицата со телесен инвалидитет во Република Македонија ќе биде надмината, како плод на наша успешна реализација и наш придонес во трансформацијата кон одржливо и прилагодливо општество за сите.“....

1.jpg 10.jpg 2.jpg

3.jpg 4.jpg 5.jpg

6.jpg 7.jpg 8.jpg

9.jpg